„Стапица за глувци“ во петок во Чернодрински

Претставата „Стапица за глувци“ во режија на Борис Василески утре во 19:30 часот ќе се одигра во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

„Претставата зборува директно за прашањето – Кои се маски ги користат луѓето за да го постигнат она што го сакаат? Колку злосторството во ова тензично време може да резултира само со злосторство и ништо повеќе од тоа? Зошто и како злосторот во нашиот генетски код е врежан длабоко во нас и за кој треба да бидеме свесни за да можеме да превенираме? Претставата посочува, но и ја брани перспективата на сите ликови со цел да ја одржува неизвесноста која се случува внатре. Преставува емотивен и тензичен ролеркостер за публиката, давајќи и доказ дека никогаш не може да се знае целосната вистина за она кое навистина се случило, оставајќи ја шокирана до крај. Претставата е трилер со комично фарсични елементи, задоволувајќи ги апетитите на прилепската публика, давајќи му повод на секој граѓанин да дојде во театар со цел да гледа возбудлива претстава“, има изјавено режисерот Борис Василески, за кој ова е прва претстава во прилепскиот театар.

Во претставата играат Илија Волчески, Даниела Иваноска, Дарко Карбески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Сара Спиркоска, Александар Тодески и Димитар Горѓиевски.

Влезници за истата може да се резервираат на телефонскиот број 076 442 378.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи