Неконтролирано растат цените на основните производи во маркетите – поскапуваат и производите на пазар

Неконтролиран раст на цените на основните прехранбени продукти. Дел од маркетите веќе со нови цени на рафтовите.

Цените на основните производи кои беа опфатени со мерката за гарантирана цена се поскапи 10, 20 денари, а месото и кашкавалот дури и за 50 денари повеќе за килограм.

Граѓаните реагираат дека кога се намалуваат цените потребен е поголем период за да се направи тоа, а кога се зголемуваат тоа се прави преку вечер. Велат дека секојдневно животот им станува се поскап и поскап и дека одвај врзуваат крај со крај, а коментаираат дека сега ќе почнат да штедат и на храна.

Од Државниот пазарен инспекторат најавија засилен инспекциски надзор низ супермаркетите, но и кај трговците на мало. Апелираат да бидат општествено одговорни и да ги приспособат цените во согласност со стандардот на граѓаните. Но, на терен ситуацијата е поинаква нема ништо од одговорноста на трговците кои никој не може да ги казнува откако мерката повеќе не е на сила.

„Пазарниот инспекторат не може да влијае врз формирање на пазарната цена, но и понатаму сме на терен, каде ќе ги следиме состојбите, и доколку е потребно ќе дејствуваме согласно нашите надлежности“, велат од државниот пазарен инспекторат

Но, освен во маркетите раст на цените на овошјето и зеленчукот може да се забележи и на зелените пазари. И таму за само неколку дена цените се зголемени за околу 10 отсто, како резултат на укинување на ограничувањето на царината при увоз на зеленчук и овошје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи