Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп организира богата културна програма на која граѓаните ќе можат да присуствуваат во текот на оваа недела.
Програмата започнува денес со солистички концерт на клавир на Мартин Ангелески, под менторство на Љупчо Шилоски. Концертот ќе се одржи во холот на Центарот, со почеток од 18.00 часот. Влезот е слободен.
На 6 март за прв пат се организира уникатната изложба насловена „Перничињата на мама“, каде граѓаните ќе можат да погледнат етно изложба на перничиња кои се домашни ракотворби. Изложбата започнува во 12 часот, а воведниот збор го има етнологот Александар Цветкоски.
Истиот ден во фоајето на Центарот својот традиционален Осмомартовски концерт ќе го одржи Октет Прилеп, насловен како „Букет од песни“. Концертот е со почеток во 19.00 часот.
Во четврток својот Осмомартовски концерт ќе го одржи и ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп. Концертот се почеток од 18.00 часот ќе се одржи во салата од кино Мис Стон.