ВИДЕО – Пензионерите кои штрајкуваа за повисоки пензии ќе формираат ново тело, обвинија за политички мешања


Пензионерите кои во изминатиов период од цела Македонија протестираа за зголемување на пензиите се поделија. Прилепските пензионери денеска обвинија дека претседателот на новоформираното здружение Сојуз на пензионери – пензионери за достоинствен живот Драган Угриноски сакал да ги приближи кон партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија. Тие велат дека не сакаат мешање на политика и на ниту една политичка партија. Зад нив биле сите останати пензионери од државава.

„И ова 5% што се дрзнаа сега да ни го дадат, со мартовското порамнување со просечната плата и најниската плата, значи е голем удар за пензионерот, навреда и деградирање на цела категорија пензионери. Со овие цени ако некој зема минимална пензија не може да преживее ниту 2 недели. За лекови да не правиме ни збор“, вели Верче Јанческа, пензионер.

За 11 овој месец најавуваат формирање на ново тело на пензионерите, комплетно независно и непартиско кое ќе формира комисии од повеќе области и ќе соработува со министерсвата на новата Влада за подобрување на пензионерскиот стандард.

„Ќе има псоебни групи кои ќе се занимаваат со социјалната страна, со економска страна, со земјоделие и да ги изнесеме проблемите на сите овие целни групи и да работиме по лесно“, додаде Јанческа.

Пензионерите остануваат на барањата за линеарно зголемување пензијата од 5.000 денари, како и воведување на нови лекови на позитната листа. Пред претседателските избоири најавуваат голем собир во Скопје и ќе бараат поддршка од сите претседателски кандидати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи