Поплави и одрони во Прилеп и прилепско поради големите врнежи од дожд

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 38,56%, а 61,44% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,09%, кон Итната медицинска помош 23,47%, кон пожарникарите 1,70%, а кон АМСМ 0,34% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во Прилеп и околината имаше проблеми од големите врнежи дожд, бидејќи за изминатите 24 часа наврнале 35 литри дожд за 24 часа.

„РЦУК Прилеп извести дека вчера, преку 112 во ЦУК се примени повеќе пријави за комунални проблеми – затрупани канали што може да предизвикаат поплавувања на дворови и подруми. Конкретно, во општина Кривогаштани во село Славеј и во село Крушеани биле затрупани каналите. При комуникацијата со надлежните во општина Кривогаштани од таму информирале дека интервенира Јавното комунално претпријатие од Кривогаштани на тој терен.

Од Општина Долнени беше пријавено дека во село Пешталево при секој дожд има поплавување на двор и подрум од една куќа после изградбата на локален пат во ова село. Од ЦУК е известена е локалната самоуправа Долнени, од каде што информирале дека градежна машина веќе интервенира на терен.

Од Општина Прилеп е добиена пријава за поплавување на нискиот дел од патот (стариот пат за Битола) кај фабриката „Партизанка“, што се поплавувал при секој дожд. Од ЦУК е звестена локалната самоуправа Прилеп.

Гранична полиција – Витолиште извести дека имало мал одрон од камења на регионалниот пат Прилеп – Витолиште на кривината пред село Витолиште. Веднаш е звестено ЈП Македонија Пат од каде посочиле дека ќе интервенираат. Сообрајќајот не е во прекин“, велат од ЦУК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи