Авто Контрол со превентивна активност за 8 Март: „Ти си повеќе од само возач, Ти си водечка сила на патот“


По повод 8 Март Денот на жената, ден што се прославува ширум светот за да се почести и признае придонесот на жените во сите сфери на животот па и во учеството во сообраќајот, Станицата за технички преглед Авто Контрол Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната струка при С.О.У. Ристе Ристески Ричко денеска во центарот на Прилеп организираше превентивната активност преку делење на флаери и честитка со едукативна соджина, а со цел да се подигне свеста за правата на жените, за рамноправност и за изборот да бидат слободни и еманципирани во сообраќајот.

Денешниот ден е Ваш ден. Денот на жената е прилика да се покаже вашата смелост, вашата постојаност и вашата неодолива сила. Во светот на патот, вие сте симол на увереност и независност. Вашиот ум и Вашиот дух ја поминувааат секоја далечина. Бидејќи во секој миг на возење, го докажувате вашето величество. Секое возење е ваша приказна, секој притсок на туража е ваш напредок, а секоја стапка на кочница е ваша одлучност. Бидете смели и верувајте во себе, секој километар е нова приказна за испишување.Во вашите раце е сила да го поминете секој пат пред вас. Денес сетете се дека сте нешто повеќе од возач. Драги дами денес и секој нареден ден потсете се на вашата сила и вредност, вие сте водечка сила! Среќен 8 ми Март !“, порачуваат од Авто Контрол.

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи