Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од продавниците се повлекува чоколада „Милка орео“ од 37 грама поради тоа што во него биле пронајдени „пластични фрагменти“.
Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.
Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“.
Истиот производ, со ист сериски број и рок на употреба, пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар поради истата причина – можно присуство на парчиња пластика.