Талевски: Треба да има техничка влада се до оној момент до кога ќе се има комплетна доверба за регуларен изборен процес

Избирачкиот список е една од причините поради кои ние имаме техничката влада, а тоа е поради режимот кој владееше 11 години, рече пратеникот од СДСМ, Миле Талевски, во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

„Сите добро знаеме како се фингираше избирачки список 2010 и 2011 година, како во Општина Центар имаше еден куп фантомските гласачи, кои од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа внесени во избирачкиот список, се случи да имаме режим и формирањето на техничка влада е како последица на сите нерегуларности кои ВМРО-ДПМНЕ ги практицираше практично во сите изборни процеси, од 2008 година. Сомнежот кај граѓаните беше доведен на највисоко ниво дека нешто се прави, се фингира. Практично од 2017 година од кога СДСМ практицира власт во ниту еден момент не е доведен кредибилитетот, регуларноста, на изборите кои се одржуваат од 2017 до овој момент.

Тоа покажува дека се демократизирал целиот процес. Околу избирачкиот список дека е потребно да има техничка влада, но да не ни се случи и да не го заборавиме моментот кој што го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Техничката влада треба да биде гарант за сето она во делот на организација на изборите. Треба да има техничка влада се до оној момент до кога политичките партии, граѓаните и народот ќе имаат комплетна доверба во делот што значи спроведување на избори“, рече Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи