Цвеќе за жените од Домот за стари лица во Прилеп во организација на Црвен Крст Прилеп

Денес да шириме радост и добрина подарувајќи им цвеќе на прекрасните жени, баби, мајки во нашите животи. Да им оддадеме почит на нивната мудрост и издржливост, велат од Црвен Крст Прилеп.

„Нашите волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп со гестот на давање на цвеќиња на жените кориснички во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник” им го разубавија денот и ги потсетија колку се ценети, токму на овој ден – 8-ми Март. Додека го славиме Меѓународниот ден на жената, не им оддаваме почит само на неверојатните достигнувања на жените ширум светот, туку и им се заблагодаруваме за клучната улога што ја играат во обликувањето на порамноправно општество за сите. Да продолжиме да се стремиме кон свет каде што ќе се слуша гласот на секој жена, ќе се почитуваат правата на секоја жена и ќе се увиди потенцијалот на секоја жена. Среќен меѓународен ден на жената“, велат од Црвен Крст Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи