Јовчески до прилепчанки: Ви посакувам на сите, секогаш да го имате вниманието, љубовта и почитта што ја заслужувате!

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески со подарување цвеќе на прилепчанки го честита Меѓународниот ден на жената 8 март на своите сограѓанки.

„Среќен 8-ми март, мои драги прилепчанки, почитувани колешки, советнички, новинарки и сите мои сограѓанки!

Сметам дека жената секогаш била и ќе биде една од најважните алки во сите сфери на општественото живеење и само доколку вие сте активно вклучени во сите сегменти, можеме заедно да напредуваме.

Ви посакувам на сите, секогаш да го имате вниманието, љубовта и почитта што ја заслужувате!“ , истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи