ВИДЕО – Пензионерите од цела Македонија формираа ново здружение – „Достоен живот“


Иницијативниот одбор на пензионерите кои во изминатиов период ги организираше пензионерските протести низ Македонија денеска во Прилеп формираше ново здружение под називот Незадоволни пензионери на Република Македонија „Достоен живот“. Истакнаа дека се оградуваат од претходното здружение Сојуз на пензионери – пензионери за достоинствен живот, кое што се приклонило кон партијата Единствена Македонија. Денеска пак нив во Општина Прилеп ги прими и им даде поддршка градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Пензионерите од цела Македонија велат дека не излегуваат од Сојузот на пенезионерски здруженија, но не биле задоволни од актуелното раководство кое не ги поддржувало.


„И си продолжува по патеката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, не се двоиме, но сме како групација незадоволни пензионери кои си ги бараат своите права“, вели Миле Тасевски, пензионер од Битола.

 

„Се со цел да ги бараме нашите права да се бориме за еден достоинствен живот, за да можеме да живееме достојно. Не бараме за луксуз туку бараме да ги задоволиме основните наши барања“, додаде Верче Јанческа, пензионер од Прилеп.

Пензионерите остануваат на барањата за линеарно зголемување пензијата од 5.000 денари, како и воведување на нови лекови на позитната листа.

Под 20.000 денари пензијата кај нас не смее да биде во денешно време. Ќе си ги бараме нашите права затоа што ние тоа го заслужуваме“, вели Митко Митев, пензионер од Струмица.

 

„Моќта е во мнозинството и мислам дека ќе дојдеме до нашите посакувани резултати“, додаде Трајчо Митев, пензионер од Штип.

 

„Никаде во светот не се случило досега пензионери да излегуваат и да протестираат за да ги добијат своите права. Ние стигнавме до таму и што одевме и пред странските амбасади“, истакна Мирослав Цветковски, пензионер од Куманово.

 

„Со пакет мерките кои ги даде претходната Влада на Ковачесвки и сега оваа предводена од Џафери тоа се ништо, нула“, кажа Васил Пиндеров, пензионер од с. Пирава.

Пред претседателските избоири најавуваат голем собир во Скопје и ќе бараат поддршка од сите претседателски кандидати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи