РЕК Битола повторно во дефект – од ноќеска не произведува струја

Facebook
Twitter
Email
Print

 

РЕК Битола во моментов не произведува струја поради дефектот во третиот блок кој настанал во текот на ноќта. Од ЕСМ тврдат дека се започнати активности за враќање на еден од блоковите во мрежа, откако вчера поради пукната цевка на третиот блок, тој остана надвор од функција.

„Во текот на вчерашната ноќ, поради пукната цевка, што е честа појава, Блокот со кој работеше РЕК Битола испадна од мрежа.

Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја, и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира.

Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен“, појаснуваат од ЕСМ.

Согласно планот за производство се очекува, како што додаваат, до крајот на неделата да биде ставен на мрежа и вториот блок, додека на почеток на следната недела се очекува сите три блокови да бидат на мрежа.

Од ЕСМ велат дека минатиот период намерно биле исклучени два од блоковите и работел само еден, бидејќи анализата на пазарот покажала дека е поевтино да се купува. Но сепак на сајтот од ЕСМ во делот каде треба јавно да бидат достапни извештаите за тоа од кои фирми, колкави количини и по кои цени државни електрани купиле електрична енергија ги нема од декември кога се објавени и последните вакви извештаи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи