81 година од холокаустот на македонските Евреи

„Никогаш да не се повтори“ е денешната порака од централната комеморативна активност, со која се бележа 81 година од холокаустот на македонските Евреи.

7.144 Евреи на денешен ден во 1943 година, од тогашната бугарска фашистичка власт биле депортирани во логорот во „Треблинка“, од каде никогаш не се вратиле. Бугарските окупатори неколку дена вршеле обемни подготовки за депортацијата, по што Евреи од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, а на 22 март биле транспортирани во германскиот концентрационен логор „Треблинка“ каде сите биле убиени во гасните комори.

Свежо цвеќе пред споменикот во скопскиот монопол положија претседателот на Еврејската заедница, израелската амбасадорка во земјата, претседателот Пендаровски, премиерот Џафери, како и претставници од Владата.

Бројни делегации оддадоа почит и на Могилата на депортираните Евреи од Македонија, како и на споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Во Македонија, комеморативната програма започна пред два дена започна пред два дена. Освен во Скопје, предвидени се активности и во Битола, и во Штип.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи