Во Станицaтa за Технички преглед и Техничка Служба Авто Контрол Прилеп, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај вршиме прегледи, испитувања, проверка и издаваме потврди за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови кои мора да ги исполнуваат моторните возила за вршење на одделни видови превоз на патници и стока во јавниот патен сообраќај.
Потврдата за исполнување на посебните техничко-експлоатациони услови е потребна за добивање на Лиценца за вршење на јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
Техничко-експлоатационите услови што моторните возила треба да ги исполнуваат (во зависност од видот на јавниот превоз) се пропишани во Правилникот за посебните техничко-експлоатациони услови за возилата за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај.