Антикорупциска ќе ја испитува набавката на новите армиски хеликоптери од 230 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Антикорупциската комисија отвори предмет за набавката на воените хеликоптери од италијански Леонардо по опозициските критики за оваа зделка за модернизација по НАТО стандарди со цена од 230 милиони евра.

Под лупа се најде и набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.

„Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Татјана Димитровска, претседателка на комисијата.

Овие предмети се поврзани со забрани за тоа што смеат, а што не смеат да прават функционерите и институциите по 14 февруари, денот кога претседателот на Собранието, Јован Митрески, ги распиша претседателските и парламентарните избори закажани за 24 април и за 8 мај.

Забраните се определени во Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата и ги регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања….

Реакции кај јавноста имаше и за изнајмувањето на 45 нови автомобили од страна на Владата, во висина од 1.6 милиони евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи