Неколку центри за социјална работа реагираат на изјавата на Велковски – бараат извинување

Facebook
Twitter
Email
Print

Центрите за социјална работа од Битола, Прилеп, Валандово, Пробиштип, Гостивар, Македонски Брод денеска реагираат на изјавата дадена на вчерашната прес-конференција од техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, дека добил сознанија за злоупотреби на системот за социјална заштита со кои, според првичните информации, на 2.252 лица незаконски им биле исплаќани средства за социјална помош како и за социјална пензија, иако не ги исполнувале условите.

Во реакцијата бараат извинување за, како што наведуваат, нарушување на интегритетот и професионалноста на вработените.

„Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер, Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита потребна е посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред се знаење. Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност, а притоа ги навредува сите вработени во институцијата каде моментално тој е на чело е целосно неприфатливо“, стои во соопштението од ЦСР.

Реакција вчера имаше и од кабинетот на Кабинетот на дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во која беа демантирани изјавите на техничкиот министер Велковски.

„Набрзо деновиве ќе ги имаме конкретните записници по овие констатирани податоци, вака заврши непотребната и лажна прес-конференција на техничкиот министер Велковски за информации кои не се плод на неговата работа. Повторно министерот без да има конкретни информации со завршени записници, факти и докази, излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија, кои инаку се дел од информациите на тековно работење на министерството“, пишува во демантот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи