Тошковски: Шест години не работат термалните камери на граничните премини – системот е уништен

Facebook
Twitter
Email
Print

Термалните камери кои што треба да бидат главниот безбедносен систем на граничните премини на Македонија не работат, обзнани техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

„Ај што кубурат со човечки ресурси полициските станици на граничните премини, таму термалните камери не им работат и ова е сериозна работа којашто треба да не загрижи сите. Термалните камери ги имале на неколку пункта, а опсегот е значително голем и може да констатираат движење на како што ми беше кажано од еден од началниците таму, глушец да помине ќе го детектира или пак можеме по физикус и локалните жители да ги препознаеме, посочи началникот. Јас се прашувам дали намерно го правеле ова цело време за да помогнат на шверцот, не за да одмогнат“, истакнува министерот Тошковски.

Според информациите коишто ги сподели Тошковски, најмалку 6 години не функционираат овие термални камери, информација којашто ја добил од командирите на северната граница на Македонија.

„Системот е уништен, систем нема и ова се страшни факти кои што беа посочени до мене. Говорам за тоа што го констатирав со свои очи на северната граница, доколку не е така нека излезат и нека ме побијат со факти. Нека кажат дека има доволно човечки капацитети, нека кажат дека има доволно возила. И да не биде само ова, имаме друга полициска станица Јагуновце, немаат ниту еден компјутер за работење. Имаат само еден компјутер за безбедносните камери и истиот го користат и за изготвување на документи. Од пет полициски станици кои што ги посетив на граничните премини, само една била посетена од министер за внатрешни работи и тоа во 2016 година“, дополнува Тошковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи