Во првиот петок од Великиот Велигденски пост во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ. Потоа се одржа првото предавање во овогодишниот циклус од предавања кое беше посветено за Простувањето од страна на чтец Андреј Иваноски.
„Благодарност до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето, воедно и повик до сите прилепчани да ни се придружат следниот акатист наредниот петок, со ново предавање на нова тема“, информираат од црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис Прилеп.