„Дрекслмајер“ и донираше на Општина Прилеп возило за лица со посебни потреби


Поддршката кон сите членови во заедницата продолжува да биди наш приоритет и ќе продолжиме да делуваме кон подобрување на условите заедно со сите општествено одговорни компании од нашиот регион, информираат од Општина Прилеп која денеска доби донацијата на ново возило за лица со посебни потреби кое го обезбеди Дрекслмајер Македонија. Целта на донацијата е на граѓаните со посебни потреби да им се обезебeдат поголеми можности за вклученост во секојдневните процеси на општественото живеење.

„Оваа донација беше изгласана од членовите на Советот на претходната седница. Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби. Специјалното возило ќе биде на располагање за потребите на сите лица и здруженија за лица со посебни потреби од општина Прилеп, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање“, велат од Општина Прилеп.

Градоначалникот Борче Јовчески изрази благодарност до Дрекслмајер затоа што компанијата во континуитет поддржува бројни проекти кои се особено значајни за развојот на
заедницата.

„Социјалните проекти се од особено значење за лицата со посебни потреби, но и за нашата локална заедница. Би сакал да се заблагодарам за овој убав гест од страна на Дрекслмајер преку кој заеднички ќе успееме барем малку да им го олесниме секојдневието на овие наши сограѓани“, рече Јовчески.

„Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи