Гир: Да се исполнат препораките на ОЛАФ, парите за „Еразмус плус“ остануваат

Facebook
Twitter
Email
Print

Oткако Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, побара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, а потоа биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“, aмбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ очекува Националната агенција да ги спроведе препораките дадени од ОЛАФ за „Еразмус Плус“.

„Во согласност со стандардните процедури не коментираме за одлуки донесени од ОЛАФ. Тоа е телото на Европската Унија за истражување измами. Очекуваме од Националната агенција за „Еразмус Плус“ во Македонија да ги испорача сите препораки дадени од ОЛАФ. Продолжуваме да имаме доверба во работата на Агенцијата за „Еразмус плус“, што значи дека остануваме убедени дека буџетот определен за „Еразмус Плус“ нема да се намали. Програмата ќе остане придобивка од која корист ќе имаат учениците, студентите, младите и универзитетите“, изјави евроамбасадорот Гир.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи