Надворешниот долг се искачи на 4.5 милијарди евра – рекордни 32.6% од БДП

Facebook
Twitter
Email
Print

На крајот на 2023 година, нето надворешниот долг изнесувал 4.458 милијарди евра или 32.6% од проценетиот БДП, покажуваат последните податоци на Народната банка.

Во четвртиот квартал од годината, нето надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра или за 7.3 проценти.

„На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.463 милиони евра и забележа квартално зголемување од 386 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 81 милион евра и изнесуваат 7.004 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 305 милиони евра, така што на крајот на декември 2023 година тој изнесува 4.458 милиони евра“, појаснува Народната банка.

Во текот на четвртиот квартал од минатата година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2 проценти од проценетиот БДП за 2023 година.

Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (или 3.4 проценти), во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), а намалување на нето јавниот долг (за 122 милиона евра).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи