Дизел горивата опевтинуваат за еден денар по литар, додека цената на бензините се намалува од 0,5 денари до 2 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Во просек горивата поевтинуваат за 1,79%.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 68,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 74 денари по литар и се намалува за 0,5 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за два денари и ќе изнесува 76,5 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло ќе изнесува 67,5 денари.
72