На 05.10.2024 сабота во Прилеп, во организација на ЏК Сеишин-Прилеп, со поддршка на ЏфСМ ќе се одржи 14-ти Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо „Прилеп Град Херој -2024“. Турнирот е за возрасните категории Деца ( У11), Помлади ПИОНЕРИ-КИ ( У13) и ПИОНЕРИ-КИ ( У15). Пријавени земји учеснички: Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Црна Гора, Косово, Кипар, Шкотска и Македонија. Карактеристично за турнирот оваа година е тоа што за прв пат ќе настапат клубови од Грузија, Кипар и Шкотска. Овој Меѓународен Традиционален Турнир се одржува по повод празникот 11 Октомври.
„Клубот и оваа година ја задржува традицијата за покана и присуство на турнирот на гости и Великани во џудо спортот претежно од поранешните југословенски простори кои во изминатиот период постигнале големи резултати во џудо спортот. Оваа година ќе има 3 големи џудо имиња од Р. Србија. Петок 04.10.2024 во 13.00 часот активностите за турнирот започнуваат со официјална прес конференција за медиумите и јавноста која ќе се одржи во ресторант Алтан во Прилеп со почеток во 13.00 часот. Веќе во сабота свеченото отварање започнува од 10.15 а додека борбите ќе започнат во 10.30 часот“, потенцираат од ЏК Сеишин Прилеп.
62