Јовчески: Прилеп заслужува да биде град на иднината, град на успеси и можности за секого – честитка на градоначалникот за 11 Октомври

83 години од почетокот на народната борба за слобода. Прилеп, градот херој, градот каде што одекна првата пушка против фашистичкиот окупатор, повторно стои како симбол на непокорот, храброста и борбата за слобода.

Почитувани сограѓани, денеска, додека ги славиме хероите на минатото, да се потсетиме дека и ние сме дел од оваа историја. Секој од нас има своја улога во изградбата на иднината на Прилеп и на нашата Македонија.

За мене, како градоначалник на Прилеп, е огромна чест и одговорност да го водам овој град херој. Но оваа чест носи и обврска да продолжиме да работиме на напредокот и просперитетот на нашиот град. Ветените проекти ги реализираме заедно со вас – моите сограѓани – и со вашата поддршка. Прилеп заслужува да биде град на иднината, град на успеси и можности за секого.

Во овој дух, го повикувам секој од вас да учествува во заедничкото создавање на иднината на Прилеп. Заедно можеме да го направиме нашиот град повторно еден од најубавите и најпросперитетните во Македонија.

Драги мои прилепчани, нашето минато не учи дека единствено преку соработка, сплотеност и решителност можеме да постигнеме големи дела. Нека нашата историја ни биде поттик да продолжиме да создаваме нови победи – победи за нас, за нашите деца и за идните генерации.

Нека ни е вековит 11 Октомври!

Да живее Прилеп!

Да живее Република Македонија!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи