На 15.10.2024 во 03.20 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Д.(30) и А.П.(47), двајцата од Прилеп, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со учество во физичка пресметка. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 14.10.2024 во ОВР Прилеп, Е.Г.И.(33) од Прилеп пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички напаѓан од друг малолетник, со кого се познавале. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.