Марија Ѓорѓиоска, членка на здружението „Преродба“ од Прилеп, ја издаде својата 14 книга, насловена „Од се по нешто“. Книгата го разработува животот на жените од „Мртоечко сокаче“ од Прилеп, познатата прилепска улица по која починатите ги носеле од црквата до сега старите градски гробишта во Прилеп. Станува збор за жанрот комедија, а за таа пригода драмската секција на здружението „Преродба“ изведе и еден краток дел од оваа хумореска, насловена „Вдовиците од мртоечко сокаче“. Станува збор за вистински, постоечки ликови, со вистински случки, кои заради книгата и хумористичните елементи се адаптирани според потребите и замислата на авторот. Погледнете го краткиот разговор со Марија Ѓорѓиоска и театарскиот перформанс „Вдовиците од мртоечко сокаче“ на драмската секција на „Преродба“.
87