Градоначалникот Јовчески во гостувањето во емисијата Инфо Регион истакна дека бил надминат проблемот со превозот на средношколците на руралните средини до училишта во градот Прилеп. За да во иднина не се случуваат вакви проблеми, во зависност од трошоците и условите општината планирала да набави минимум 4 нови или половни автобуси со кој што сама ќе врши транспорт на учениците. Исто така општината, односно јавните претпријатија под нејзина ингеренција, ќе започнеле со зимско одржување на улиците, одржување на уличното осветлување како и обележување на улиците. Со тоа според Јовчески општината би заштедила 40% од трошоците што сега ги имала за овие издатоци.
48