Dancestudio New Generation од Прилеп учествуваше на Интернационалниот денс натпревар по модерни танци во Благоевград „SCAPTO DANCE BLAGOEVGRAD“ каде се претставија со формацијата во Хип Хоп KIDS DANCERS и неколку соло настапи. Прилепските деца растурија на сцената и го освоја 1 место со Формација кидс денсерс и со тоа докажаа дека се една од најдобрите групи во Европа.
„Прилеп и Македонија треба да се гордеат со нашите деца. Во соло Хип Хоп прво место Нина Димеска, Мидеа Георгиева и Јована Стојковска, во Опен Теона Стојаноска прво место, второ место за Михаела Јованоска, Антонина Котеска, Ива Димоска и Марија Ристеска во различни категори. Тимот беше предводен од тренерот Ивана Богојевска“, велат од Dancestudio New Generation.