Мој личен приоритет е Еурокомпозит и лично работам тука, лично барам потенцијален инвеститор кој би можел обврските кон поранешните вработени да ги сервисира, да вложи и да отпочнеме производство на нешто кое на државата годишно ќе и носи од 250 до 300 милиони евра приходи, изјави денеска во Прилеп, премиерот Христијан Мицкоски.
„Личен приоритет ми е тоа, лично работам на тој проект и се надевам наскоро дека ќе имаме добри вести. Проблемот е што ниту една банкарска и финансиска институција не даваат кредит за наменска индустрија, тоа е најголемиот проблем, денеска се борат компаниите да опстојат и затоа им е потребна банкарска поддршка, но за жал голем дел од банките денеска не сакаат да поддржат наменска индустирија. Ќе видиме, тоа е личен мој приоритет“, додаде Мицкоски.