На 09.11.2024 од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод во содејство со шумската полиција од Прилеп и Македонски Брод на место викано „Голем рид“ во атар на с.Дебреште, општина Долнени, бил затекнат трактор „имт“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ј.И.(39) од с.Дебреште, натоварен со огревно дрво без жиг и без испратница, а во непосредна близина биле пронајдени и други огревни дрва, нежигосани и бесправно исечени.
Дрвата се подигнати од страна на ЈП „Национални шуми“- Македонски Брод, а против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок.