Пред изборите, ДПМНЕ ветуваше повисоки откупни цени, зголемени субвенции и поддршка за тутунопроизводителите, но реалноста е сосема поинаква. Оваа година откупните цени, објавени од ресорниот министер Цветан Трипуновски, се: прва класа – 375 денари, втора класа – 300 денари, трета класа – 240 денари, и дополнителна класа – 115 денари.Овие цени се ниски и не ги покриваат зголемените производствени трошоци на тутунарите и поскапените цени за производството кое тие го плаќаат, истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, пратеник од редовите на СДСМ од Прилеп.
„Во време на владата на СДСМ, тутунарите добиваа многу повеќе. Благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, без одбитоци, цените достигнуваа и над 500 денари за килограм тутун – историски највисоки откупни цени. Истиот Цветан Трипуновски, кој пред изборите во февруари бараше сите тутунари да добијат линеарна субвенција од 100 денари, денес ги изневери земјоделците. Наместо линеарен модел, воведена е дискриминаторска проценка по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета“, рече Талевски.