Просечната нето плата во септември изнесувала 41.585 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Нето платата во септември е зголемена за 9,8 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во септември просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 41.585 денари.

Зголемувањето се должи пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности каде има зголемување за 12,6 проценти, во преработувачка индустрија, како и во секторот уметност, забава и рекреација.

Во однос на август годинава, зголемување во септември е забележано во секторите рударство и вадење на камен, административни и помошни услужни дејности и преработувачка индустрија.

Просечната бруто-плата по вработен во септември изнесувала 62.573 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи