СВР Битола до основното јавно Обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп вработен како полицаец во КПУ Затвор Прилеп.
„Имено, на 29.11.2024 година во околу 18.00 часот, во толет во ресторан лоциран на ул. „Широк Сокак“ во Битола, пријавениот со закана од огнено оружје упатил сериозна закана по живот кон полициски службеници кои преземале службени дејствија по член 215 од КЗ каде го лишиле од слобода Т.Ж.(27) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана и прашкаста материја. При лишување на Т.Ж. во тоалетот на угостителскиот објект од страна на Ф.И.од Прилеп биле упатени закани со огнено оружје кон полициските службеници. Двете лица се лишени од слобода , а за Ф.И е поднесена кривична пријава за „Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, предвидено и казниво по чл.383 од КЗ“, изјавија од СВР Битола.