Денес со донација на сообраќаен прирачник на првачињата од ООУ Кочо Рацин за едукацијата и воведување на сообраќајната култура, Станицата за технички Преглед Авто Контрол организираше кампања под назив „Да ги заштитиме децата во сообрaќајoт“, што е превентивна активност на ОВР Прилеп и сообраќајната струка СОУ Ристе Ристески Ричко.
Целта е децата уште од најрана возраст да стекнат знаења за основните сообраќајни правила и прописи. Децата се нашата иднина, во нив вложуваме многу љубов, енергија и средства за да можат да пораснат во здрави индивидуи кои ќе бидат корисни за себе, за своето семејство, но и за општеството во целина.
\
Како општествено одговорна компанија се вклучивме во едукативна акција бидејќи животот на децата е приоритет на секој поединец. Првите форми на едукација почнуваат во семејството, а потоа во училиштето и вон училиштето, со голем број на вакви проекти и кампањи.
Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи , туку истовремено претставува и навика ,почитување и применување. Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи,бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца.
Да ги научиме децата на правилно однесување и да бидеме нивниот позитивен пример.Затоа што тие треба да растат и пораснат-бебедно! Не заборавјте, ние сме нивните идоли!