Прилепска Пиварница донираше медицинска опрема вредна 600.000 денари за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп во рамките на кампањата „ Мовембер – На здравје, за машкото здравје“. Оваа компанија преку својот бренд Златен Даб месецот ноември го посвети на глобалното движење за подигнување на свесноста за редовна грижа за машкото здравје.
„Ноември стана симбол на машкото здравје во светски рамки, а кај нас преку брендот „Златен Даб“ веќе неизоставен дел од нашата стратегија за општествена одговорност, која се фокусира на подигнувањето на свеста за рана превенција од најчестите заболувања кај мажите, но и за општото психофизичкото здравје. Годинава, во духот на одбележувањето на 100 годишнината на Прилепска Пиварница одлучивме донацијата да ја направиме на Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп и нашата грижа и солидарност за градот да биде пример кој треба да го следат и другите успешни компании“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
Со донацијата од 600.000 денари итно беа набавени 2 комплетни цистоскопи и работен дел и телескопски дел, оптика со мост без кој што е невозможно функционирањето на овој оддел.
„Еден денар од секое испиено шише Златен даб одлилчи да донира во прилепската болница на одделот за урологија, најнеопходни инструменти и во таа прилика сакаме да му се заблагодариме на г-динот Сашо Самараџиоски“, рече Кире Јоноски, директорна општа болница Прилеп.
„Имено ние во ендоскопската сала имавме опрема, но бидејќи долго време не беше набавена нова тоа се амортизираше и стигнавме да од неколку комплети на само еден комплет, од кој и тој беше скоро дотраен, практично и не гледаше. Значи постоеше можност или да промашиме во дијагностиката, значи ако гледате со половична опрема голема е шансата да не видите некое мало тумурче во мочен меур. Постоеше и ризик да го прекиниме дијагностициорањето на основните уролошки состојби, патолошки состојби кај нашите сограѓани. Така што оваа донација ќе дојде како мевлем на рана, токму во моментот кога е најпотребна“, истакна Трајче Јанкулоски, раководител на одделот за урологија при општа болница Прилеп.
Се препорачува секој маж со возраст над 50 години барем еднаш годишно да посетува превентивни пртегледи кај уролог за рана детекција на голем број болести. Според статиските 40% од мажите помеѓу 50 и 60 годишна возраст страдаат од бениген простатичeн карцином како најчесто заболување.