Ксенија Деспотоска важи за една од најпознатите блогерки во земјава. Инспиративна, млада, секогаш позитивна, и наша, прилепчанка, која не би го сменила Прилеп, бидејќи тука се чувствува, како што кажува таа „своја на своето“.
Како е точниот назив за инфлуенсерите или блогерите кои секојдневно не изненадуваат со креативни слики и видеа од кои може да се инспирираме за да имаме поинтересни објави?
Ксенија ни открива како започнала нејзината приказна за да се занимава со ваква специфична професија, кажува за убавината на овој маркетинг кој остава голем простор за креативност и кажува зошто најчесто девојките и жените се занимаваат со оваа професија, која е причината што момчињата и мажите не се осмелуваат да започнат нешто вакво.
Ксенија сподели со нас и неколку совети за една добра модна фотографија и ни го покажа Прилеп низ нејзините очи.