Почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница:
Полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.
Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.
Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
169