Музејот Лувр (француски: Musée du Louvre) во Париз, Франција, е најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793, за време на Француската Револуција. Средишниот двор, во кој се наоѓа Луврската пирамида изградена во 1989, служи како влез во музејот.
Музејот ги чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.
Францускиот историчар на уметност Лоран де Кар, позната по унапредувањето на социјалните проблеми преку уметноста, ќе биде шеф на Лувр и прва жена во историјата на чело на најголемиот музеј во светот во повеќе од два века од неговото постоење.
Де Кар во моментов го води музејот Орсеј, познат париски музеј посветен на уметноста од 19 век, каде што исто така е и првата жена на чело на музејот. Во нејзините први четири години во Орсеј, 54-годишната историчарка на уметност ги искажа своите ставови за некои контроверзни теми, вклучително и враќањето кај сопствениците на уметничките дела украдени од нацистите.
„Големиот музеј треба да се соочи со историјата, вклучително и да се осврне на историјата на нашите сопствени институции“, вели таа.
Тоа беше клучно за одлуката на француската влада да ја врати сликата на Орсеј од Густав Климт – „Рози“ на наследниците на сопственикот на тоа дело, Нора Стијасни. Нацистите и ја украле сликата во Виена во 1938 година.