На првиот ден од заедничката посета на Рим, престедателите на Македонија Стево Пендаровски и на Бугарија Румен Радев, присуствуваа на потпишување на Договор за размена на информации и професионална соработка помеѓу Медиумската Информативна Агенција (МИА) и Бугарската телефонска агенција (БТА).
Договорот го потпишаа директорите на МИА Драган Антоновски и на БТА Кирил Волчев.
Овој договор е во согласност со Договорот за пријателство помеѓу двете држави.
„БТА и МИА ќе преземат ефикасни мерки за размената на информации да нема недобронамерна пропаганда и поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, што ќе ги нарушат односите меѓу Република Бугарија и Република Македонија”.