Бројот на живородени деца во првото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани бележи намалување од 7 %, а во истиот квартал бројот на починати лица има зголемување од 35,8 %. Податоците на Државниот завод за статитстика регистрираат дека во овој период се починати 21 доенче.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2021 година изнесува 3 896. Бројот на починати лица е 6 925, а од нив 21 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува – 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.