Граѓанска иницијатива „Искуството не може да биде научено“, за поддршка на младите за нови практикантства


Тема на денешната емисија е предизвикот со кој се соочуваат младите лица, по завршување на нивниот образовен процес, а тоа еизлегувањето на пазарот на трудот и судирањето со реалноста од непоседување на доволно работно искуство.

Статистичките податоци покажуваат дека во последниот квартал од 2020 година се зголемила невработеноста токму кај категоријата „млади“, која и во минатото имаше најголем број на лица без работа. Стапката на невработеност на лицата од 15 до 24 години во периодот октомври-декември 2020 година се зголемила на 39,2 отсто, споредено со 35,1 отсто што биле забележани во истиот квартал од 2019 година. Во обид да обезбедат егзистенција, но и да добијат шанса за кариера и напредок, младото работоспособно население посегнува по иселување, барајќи ја својата шанса надвор од земјава.

Поради појавената дисторзија на необезбедена квалитетна практична работа од образовните институции од една страна и тешкото прифаќање на нови работници без потребното работно искуство од друга страна, граѓанска иницијатива „Искуството не може да биде научено“ реши да преземе некои чекори за да помогнат во решавање на овој проблем.

Разговараме со лидерите на граѓанската иницијатива Нела Исмаилоска и Филип Стеваноски коишто ја презентираат целта на кампањата со цел да се зголеми свеста кај младите за проактивно да земат учество во практикантства, волонтирања, обуки од компании и отворање на сопствени бизниси.

Од друга страна со оваа кампања сакаат да го таргетираат и да го поттикнат бизнис секторот, невладиниот сектор и локалната самоуправа да изградат заеднички мост за соработка со цел да придонесат за активно вклучување на младите на пазарот на труд.

Резултатите од тоа да бидат успешна младина која што понатаму ќе биде спремна да води, да остварува многубројни успеси и да просперира и придонесува во секој аспект во општествениот живот.

Дали сметате дека ваквите иницијативи би го подобриле квалитетот на живеење и би допринеле за спречување на „белата чума“ односно, иселувањето од Македонија во потрага по работа?

Вклучете се и вие, поддржете ја иницијативата преку потпишување на онлајн петиција која може да ја најдете ОВДЕ.

#создавамезаедно


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи