Британската телекомуникациска групација Водафон jа продава првата СМС порака во светот на онлајн аукција. СМС со натпис „Среќен Божиќ“ била испратена на 3 декември 1992 година.
Оваа онлајн аукција е дел од хуманитарна акција и Водафон ќе ги донира приходите за помош на раселените лица.
Учесниците на аукцијата ќе можат да поднесат понуди користејќи ја криптовалутата ethereum (ETH), а најголемата понуда ќе донесе некому ексклузивна сопственост на протоколот за комуникација што се користи за пренос на првата СМС во светот.