Уништена шумата на Бабуна близу Дервен во Прилепско

Јавна тајна е дека шумите во Македонија не се поштедени од криминал. Законска рамка за бесправно сечење на дрвата постои, но колку во неа се провлекуваат кај нас одомаќинетите „дупки во законот“? Очигледно многу се провлекуваат и продолжуваат да пустошат, бидејќи за ова кривично дело бројот на покренатите постапки против сторителите е поразително низок.

Повеќе од половината случаи со кражби на дрво низ шумите во Македонија остануваат неоткриени и неказнети што, во голема мера, го поттикнува натамошното масовно пустошење на шумскиот фонд. Од бесправно сечење годишно во Македонија се печалат по најмалку 25 милиони евра.

Дополнителен проблем е што покрај дрвокрадците, некогаш во дивата сеча се инволвирани и шумарите и полицијата, кои наместо да ја спречуваат ваквата појава помагаат во пустошењето.

Во продолжение сликите од опустошената шума на планината Бабуна, близу Дервен во Прилепско.

Според најновиот Извештај за состојбата на животната средина, во изминатата, 2020 година на ресорното министерство штетата во шумите направена од бесправна сеча во периодот од 2010 до 2019 година се зголемила 3,9 пати.

Разгледувано по региони, во вкупната бесправна сеча на ниво на држава, најголем удел има Скопскиот регион, кој се движи помеѓу 28,4% (2011) и 80,8% (2016), по кој следува Пелагонискиот регион.

Важно е да се напомене, дека во 2019 година, голем удел во вкупната бесправна сеча на ниво на држава, 54,1%, се забележува во Југозападниот регион, кој вообичаено во останатите години имал удел помеѓу 2,8% и 14,6%, се наведува во Извештајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи