Утре ќе се одржи општински натпревар по географија во Прилеп

Утре во просториите на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“  ќе се одржи  општински натпревар по географија, на којшто ќе учествуваат околу 40 ученици. Повод за овој настан е годишнината од формирањето на  регионалното географско здружение „Професор д- р. Митко Панов“.

 

„За прв пат во регионот на општините: Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени минатата година го регистриравме здружението. На оваа средба ќе бидат присутни професори од Факултетот по Географија при универзитетот “Свети Кирил и Методиј”  од Скопје, но и други универзитетски професори и професори од средните и основните училишта во регионот”,истакна Милан Јаковоски- претседател на новоформираното здружение и предметен професот во општинското училиште каде што се одржува натпреварот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи