Архиепископот Стефан до БПЦ: Заедно да ја прославиме 1000-годишнината на Охридската архиепископија

Facebook
Twitter
Email
Print

Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврди дека МПЦ ги поканила раководителите на Бугарската православна црква за заедничко празнување на 1.000-годишнината од Охридската архиепископија.

 

Оваа година се одбележува 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Празникот ќе се слави со државни и црковни прослави, кои ќе се одржат на 27 и 28 мај во Охрид. Архиепископот Стефан изјави дека ќе се одржи молитва за свети Климент во храмот на МПЦ-ОА „Света Софија“, а следниот ден и литургија.

 

„Ова е редок јубилеј. Малку се институциите што можат да се пофалат со толку долг живот. Охридската архиепископија е важна за сите православни народи што живеат во овие земји. Поради оваа причина, верувам дека оваа годишнина мора да биде обележана од сите народи кои влегле во својата епархија. Верувам дека на свеченостите ќе имаме гости од соседните народи и од соседните цркви”, рече Г.г. Стефан и додаде дека МПЦ-ОА ги поканила бугарскиот патријарх и бугарскиот државен врв да присуствуваат на церемонијата во Охрид.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи