Од 10 најзагадени градови во Европа три се во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Со доаѓањето на зимата земјите од Западен Балкан се гушат во смог од издувните гасови на старите автомобили и илјадниците оџаци, пишува АФП. Како што наведува агенцијата, единствени што задоволно тријат раце се продавачите на прочистувачи на воздух.

 

Според Светската здравствена организација СЗО, на списокот од 10 најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, Црна Гора Пљевље и Босна и Херцеговина, Тузла.

 

СЗО предупредува дека со тоа се нанесува штета на стопанствто и на луѓето. СПоред нивните истражувања од 2016 година, се проценува дека во 2010 година загадениот воздух бил причина за смрт на 37.000 луѓе на Балканот, кој брои 23 милиони жители, а во однос на бројот на жители, е шест пати повеќе отколку во Франција. Од тогаш не се преземени никакви мерки, пренесе „Аваз“.

 

„Почистувачите на воздух се продаваат како да се делат слатки. Луѓето ги празнат своите џебови за барем дома да можат да вдишат чист воздух“, вели продавач од Скопје.

 

Македонскиот министер за здравство неодамна изјави дека 43.000 маски бесплатно ќе им бидат поделени на хронично болните, како и на децата, за кои се уште треба да се најди моделот како тоа да биде изведено.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи