Општина Прилеп : Проодни се сите патни правци во Општина Прилеп

Во општината се проодни сите патишта, а снежната покривка се чисти постојано, информираат од Општина Прилеп. Екипите на фирмите кои што го добиле тендерот за зимско одржување на улиците и патиштата во општината, биле мобилни и постојано на терен. Се интервенирало без прекин, и се чистеле улиците во сите делови од градот.

 

„Се наоѓаме на улицата ‘Александар Македонски’, каде што се работи на чистење на снегот. Ризла и сол се користи толку колку што треба, а во чистењето учествуваат фирмите  „Елмонт“ и подизведувачите „Изофас“ и „Пела-транс“, изјави Благоја Богоески, од Општина Прилеп, којшто врши постојан надзор врз градежните активности.

 

„Се чистат улиците не само во градот, туку и во приградските населби како и во населените места. Сите улици се проодни,согласно со приоритетите и оперативната програма на Општина Прилеп. Денеска се интервенира на патните правци кон: Селце, Ореовец, Крстец, Тополчани, Канатларци, Ерековци, Чепигово и Клепач. Сакам да упатам апел до граѓаните на  општина Прилеп своите возила да не ги оставаат на коловозите за да можат машините непречено да работат“, порача Филип Иваноски од  прилепската градежна фирма „Изофас“.

 

 

 

 

Изминативе два дена „Изофас“ интервенирал со  300 м3 ризла и 100 тони сол. На терен работат екипите на претпријатието со 5 возила во три смени. За да се овозможи непречен сообраќај во градот, се апелира до граѓаните да не исфрлаат снег на веќе исчистени улици.

 

Исто така и екипите на фирмата „Елмонт“,која што е задолжена за зимско одржување на дел од улиците во општина Прилеп, интензивно ги расчистувале снежните наноси во градот.

 

„Се наоѓаме во типската населба, се работи на чистење на улиците од снег. Чистиме со камион, машина-нож и посипувач. Но, имаме сериозен проблем, бидејќи дел од улиците се сосем непроодни, поради паркираните возила. Ги чистиме помалите и споредните улици во оваа населба. Чистевме и во населените места и тоа со пет камиони посипувачи и ножеви и три машини со ножеви за чистење. Проодни се патиштата и во Крстец, Тополчани, Ерековци и Големо и Мало Коњари. Во градот имаме служби што во континуитет ги чистат улиците“, вели Александар Здравески од „Елмонт“.

 

„На овој дел интензивно се расчистува снегот.  Вклучени се камионите со нож и со сеалка, а исто така вклучена е и комбинираната машина скип, особено во оние делови каде не може да поминат камионите. Овие два дена имаме премногу работа, но успеваме навреме да се справиме со снегот. Во текот на минатата ноќ на патниот правец Тополчани – Подмол за расчистување на патот беа вклучени комбинирани машини, кои продолжија со расчистување и денеска на патните правци во населените места: Тополчани, Чепигово, Ерековци и Клепач“, изјави Благоја Богоески, од Општина Прилеп, којшто врши постојан надзор врз градежните активности.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи