Откриена акција за перење пари во Прилеп – кривични пријави за осомничените

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Б. (46) од Скопје, Т.Б. (50) од Скопје и С.Д. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“, против Ж.Ѓ. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање“ во врска со „перење пари и други приноси од казниво дело“ и против „Дејо Интернационал” ДООЕЛ Скопје, „Мастерлине Интернационал” ДОО Скопје и „Темевикс – Инг” ДОО Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

На 10.12.2014 година првопријавениот – како сопственик и управител на петтопријавеното правно лице, изготвил лажна фактура со износ од 1.814.250 денари со вклучен данок на додадена вредност од 276.750 денари за укоричување на рекламен материјал на шестопријавеното правно лице.

 

После тоа, второпријавениот – управител на шестопријавеното правно лице, извршил уплата на наведениот износ на петтопријавеното правно лице. Потоа, првопријавениот наведениот паричен износ го пренасочил на трансакциската сметка на третопријавениот, кој пак го повлекол во готово од неговата трансакциска сметка. После тоа, четвртопријавениот – основач и управител на шестопријавеното правно лице, изготвил лажна фактура на износ од 1.749.190 денари со вклучен данок на додадена вредност од 266.826 денари за испорака на пластифициран лим на петтопријавеното правно лице, која првопријавениот ја употребил за пребивање на данок на додадена вредност од наплатената фактура од шестопријавеното правно лице.

 

Со ова, второпријавениот преку поврат на данок на додена вредност се стекнал со противправна имотна корист од 276.750 денари на штета на Буџетот на Република Македонија, додека првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.814.250 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи