Жбогар: „Рекет“ стана „реалити шоу!“

Facebook
Twitter
Email
Print

„Рекет“ станува реално шоу, рече денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар говорејќи за случувањата поврзани со скандалот што подолго време ја бранува домашната јавност.

 

„Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството…“, рече Жбогар.

 

Евроамбасадорот, давајќи поддршка за правосудните органи, порача политичарите да не се мешаат во одлуките на судот и оти ова е последната шанса да се врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет”.

 

„Мислам дека судството сфаќа дека можеби ја има последната шанса повторно да ја изгради довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага и процесирање на случајот „Рекет”, како и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа и во тоа има целосна поддршка од наша страна“, истакна Жбогар.

 

Жбогар уште еднаш подвлече дека Европската унија се базира на почитување на правилата и на законите и дека секој од елементите во триаголникот „граѓани – држава – судство”, мора да ја знае и точно ја игра својата улога.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи