Реисот Сулејман Реџепи повикува на убиства врз основа на шеријатското право

Facebook
Twitter
Email
Print

На социјалните мрежи се прошири видео од реисот Сулејман Реџепи, во кое тој повикува на „убиство на кучињата“ и се повикува на шеријатското право. При отворањето на новата џамија во кумановското село Опае на почетокот на годината, тој во својот говор повикува на идентификација на оние кои го оштетуваат исламскиот верски и национален идентитет.

 

„Треба да бидете сигурни дека во нашата средина имаме такви кучиња. Тие се кучиња на Господ, најгнасните кучиња, тие што го оштетуваат единството на народот, што го оштетуваат Исламот и нашиот верски и национален идентитет. Би ве замолил по овој повод, бидејќи е голем ден, да се обидеме да ги идентификуваме кои се кучињата, а кои се добрите луѓе“, вели Реџепи.

 

Се потсетува дека некој претходен систем лесно се справувал со нив.

 

„Овие нашите се кучиња, како овците по солта, бидејќи јас сум чувал и овци, сум бил и овчар. Кога ја немаш власта, кога ја немаш татковината, не си самостоен, треба да зависиш од тие кучиња скитници. Ќе го споменам минатиот систем, тој од време на време имаше план и програма за нивно чистење затоа што тие ширеа болест, загадување. Сега, оваа работа е спортивна. Тие се многу штетни суштества“, констатира Реџепи.

 

Тој потоа повикува на санкционирање на овие луѓе според Шеријатот.

 

„Пророкот рекол: Секој што е штетен треба да се убие, ликвидира. Ова е санкција на Шеријатот. Ако некој е против, во ред. Нека го пријави Шеријатот, правниот исламски систем. Зошто? За другите кои се добри, да уживаат во слободата, да живееат без грижи, да живеаат без „зулум“, зошто „зулмот“ не се отстранува на друг начин, туку со еден од најсигурните инструменти кој го спомнав претходно“, завршува Реџепи.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи